МАТЕРИЈАЛИ
ПРОЗОРИ И ТЕРАСНИ ВРАТИ
Изработени од чамово, борово и разни тропски дрва, трослојно лепени со дебелина 68/82мм, софт профил со заоблени рабови, термопан стакло 4+16+4 исполнето со аргон, или стакло “четири сезони“, оков за хоризонтално и вертикално отворање, обоени и лакирани со еколошки бои и лакови, двоен дихтунг, алуминска окапница. Изведбата е по стандардни и вонстандардни мерки земени на објект.
Можат да бидат изработени како еднокрилни, двокрилни и повеќе крилни во класичен стил или со изглед како старата македонска архитектура но во термо систем.
Заштитата може да биде повеќе слојна во нијанса избрана од нарачателот од палетата на бои дадена во прилог.
СОБНИ ВРАТИ
Масивни: изработени од разни видови на дрво-чам, бор, даб, костен, тропски дрва, обоени или во природна боја, лакирани со еколошки или полиуретански лак,оков од познати производители (AGB, Fimet, HOPPE и др.), гумица. Каса права или комбинирана со табли, первази и капител во зависност од моделот на вратата.
Кваката, шарките и украсните елементи се избираат дополнително во зависност од желбата на нарачателот.Тие можат да бидат никловани, елуксирани, патинирани или електростатски боени.
Медијапан: фурниран или сиров мдф со разни дебелини, каса права или заоблена, перваз прав или заоблен со извлекување, гумица, оков од познати производители (AGB, Fimet, HOPPE и др.), Можна варијанта оворање со лизгање. Заштита со еколошки или полиуретански лак, обоени по избор.
Стаклото на вратите може да биде пескарено, хемиско матирано, витражно или друг вид на стакло. Кваката е дводелна или едноделна, елуксирана или никлована во зависност од моделот и желбата на нарачателот.
ВЛЕЗНИ ВРАТИ
- Изработени од даб, костен, бор, чам и разни видови тропски дрва, со различна дебелина, заштитени со еколошки лак.
- Затворање стандард и сигурносно.
- Сигурносни - блиндор врати изработени во комбинација дрво - метал, систем на затворање на повеќе места, сеф клучеви.
Стаклото може да биде со разна дебелина или во термо систем, украсните елементи се избираат во зависност од моделот на вратата, поставување на магично око.
Лепеза бои по RAL
Палета на еколошки бои